среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 76
home Вести

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ги повикува Албанците да излезат и да гласаат “за“ на референдумот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, ги повикува Албанците да излезат и да гласаат “за“ на референдумот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, во интервју за “Albanian Daily News” зборуваше и за референдумот во Македонија, кој владата на Заев ќе го спроведе на 30 септември, а воедно и ги повика сите Албанци да излезат и да гласаат “за“ договорот.

“Интеграцијата на регионот во ЕУ и НАТО е важен и витален процес за неговата иднина. Македонија се наоѓа во многу важен поволен и оптимистички момент, после долг период на стагнација на односите со Грција, со Европската унија и НАТО.

Без сомнение, ние ги поддржавме и ги поттикнавме директните разговори и гијалог меѓу Атина и Скопје, со целосна убеденост дека тоа е најдобар начин да се оди напред и да се најде вистинското решение за долготрајниот процесот на интеграција на Македонија” – изјави Мета за “Albanian Daily News”.

Тој истакна дека постигнатиот договор со Грција за името отвора нова перспектива, дека е позитивен чекор кон македонското членство во НАТО, интеграцијата во ЕУ и директно влијае врз мирот, безбедноста и стабилноста на нашиот регион.

“Албанскиот политички фактор во Македонија има незаменлива улога во процесот на внатрешна промена на политичката и социјалната кохезија, како и во евроатланскиот процесот на Македонија.

Тој повторно има можност да го потврди неговиот непроменливиот став за членство на Македонија во НАТО и ЕУ со тоа што сериозно и со цела енергија ќе се ангажираат за успехот на референдумот “, – рече Мета.

Шефот на државата истакна дека успехот на овој референдум е победа на сите политички сили кои се ориентирани за евро-атланските аспирации на Македонија, против архаичните, антиевропски и анти-НАТО тенденции не само во Македонија, туку и во целиот наш регион.

“Затоа верувам а во исто време ги повикувам сите Албанци во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат за договорот, за да се отвори ново поглавје не само во корист на интеграција на Македонија, но исто така и за доброто на нивната иднина во оваа земја”, изјави претседателот Мета.