понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 60
home Вести

Претседателот Иванов: Нема сила што ќе го наметне договорот, народот да не се плаши

Претседателот Иванов: Нема сила што ќе го наметне договорот, народот да не се плаши

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оцени дека договорот со Грција е штетен за Република Македонија, дека е лична одлука и одговорност на премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров и дека нема да го потпише.

Во ТВ-обраќање до граѓаните, шефот на државата рече дека со договорот што вчера беше постигнат и објавен меѓу Заев и Ципрас се  напуштени државните позиции за неменување на Уставот и неприфаќање име за севкупна употреба.

Смета дека е штетен и како таков единствен во историјата на човештвото, со кој се крши Уставот и законите, недостоинствен и донесен нетранспарентно.

– Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија,  рече Иванов, појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија.

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашааа отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици  за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира.

– Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната  независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија, истакна Иванов.

На крајот од обраќањето тој повтори дека нема да поддржи и потпише, како што рече, ваков штетен текст на договор.