среда, 29. март 2023. Вести денес: 140
home Вести

Претседателот Иванов награден за светско лидерство поради инвестирање во новите генерации

Претседателот Иванов награден за светско лидерство поради инвестирање во новите генерации

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчеравечер во Истанбул ја прими наградата за „Најдобар светски лидер кој инвестира во нова генерација“, по повод прогласувањето на „Школата за млади лидери“, за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година, од страна Светскиот форум на бизнис ангели.

На доделувањето на наградата македонскиот претседател беше придружуван од сопругата, Маја Иванова.

Претседателот Иванов во својот говор порача дека целта на Школата за млади лидери е на најталентираните и најуспешните млади од Македонија и од регионот, да им се овозможи она што не можат да го добијат во рамките на официјалниот образовен систем и дека истата дека истата финансирана од приватниот сектор е пример за јавно-приватно партнерство кое инвестира во општеството и иднината.

На Школата за млади лидери која што е лична иницијатива и проект кој се организира под покровителство на македонскиот претседател, досега учествувале над 320 млади луѓе од Македонија и од регионот како и над 180 врвни светски предавачи од областа на политиката, бизнисот, иновациите, комуникациите.

Претседателот Иванов престојува во официјална посета на Република Турција.