петок, 18. септември 2020. Вести денес: 68
home Вести

Претседателот им го честиташе Божиќ на католиците

Претседателот им го честиташе Божиќ на католиците

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

-На сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар да го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Посакувам денот на Христовото раѓање да ни донесе среќа, здравје, радост и да ја засили нашата верба и надеж во подобро утре. Токму во деновите на празникот кој се минува со најблиските и кога нашите домови и срца се исполнети со светлина и топлина, да шириме љубов и хармонија во нашите семејства, но и да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа, се вели во честитката на претседателот Пендаровски.

Коронавирус