сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Претседатели, министри и пратеници во соседството се откажуваат од платите, кај нас молк

Претседатели, министри и пратеници во соседството се откажуваат од платите, кај нас молк

Ќе покажат ли македонските функционери по примерот на нивните колеги од соседството сенс за учество во фондот за борба против корона вирусот со откажување на дел од месечните примања? Македонија засега доцни со конкретни мерки од функционерите и буџетски пари кои наместо за финансирање функционерски плати и партии би се двоеле за превентивни мерки. Додека во Албаија и Грција има веќе кратење на плати на министри и пратеници и отварање сметки за Ковид-19 во Македонија се уште има само натегања за тоа кој прв треба да се откаже од привилегиите.

СДСМ се откажува од буџетските пари за финансирање на партијата, но не и од платите министрите и другите функционери. Засега нема никаков одговор за тоа дали ќе го прифатат дури и повикот од партискиот лидер Заев да бидат на минималлна плата од 14 500 денари. ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе се откаже од буџетската поддршка, но сепак опозицијата побара министрите целосно да се откажат од месечните приходи. Од партијата нагласија дека и министерот за внатрешни работи кој е од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи оваа мерка. Лидерот на партијата Мицкоски предложи и сет мерки за справување со кризата на кои владата остана глува.

Албанија веќе ги намали за половина платите на пратениците и министрите. Во Грција владеачката Нова Демократија по иницијатива на премиерот и лидер Кирјакос Мицотакис ќе отвори сметка за средства за Ковид-19. Тој ги повика пратениците и министрите од оваа партија 50 проценти од нивните приходи во борбата против корона вирусот.

“Пред здравствената закана сите сме еднакви. Но, во борбата со неа, секој е должен да понуди според своите сили. Сигурен сум дека оваа опција ќе ја следат и другите партии”, напиша Мицотакис на Фејсбук.

Половина плата веќе отстапи и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

ИЗВОР: АЛФА

Коронавирус