сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Претреси во фирмата поврзана со софтверот што го набави Рашковски и други локации

Претреси во фирмата поврзана со софтверот што го набави Рашковски и други локации

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвока гроуп“, која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.

Обвинителката Вилма Русковска потврдила дека претреси се вршат во фирмата, но и на други локации. Русковска вели дека имало и други претреси и кај сопственикот на фирмата.

Постапка за овој случај водат и во Антикорупциската комисија.

Опозицијата го обвини Рашковски дека е вмешан и во тендерска афера за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ), откако беше објавен аудиоразговор со транскрипт во јавноста.

И за овој случај антикорупционерите отворија предмет, а претседателката Билјана Ивановска вели дека тој е во завршна фаза и дека наскоро ќе ги обелоденат сознанијата од нивната истрага која преходно покажа дека договорот со италијанската фирма „Леонардо“ останал ист и пред во него да се вклучи Рашковски. Сомнително за Антикоруппциската комисија беше доцнењето на исплатата на траншите за кои државата плаќа високи камати.

Коронавирус