сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 95
home Вести

Претпладне сонце, попладне облачно време со врнежи и грмежи

Претпладне сонце, попладне облачно време со врнежи и грмежи

Под влијание на циклонска активност, попладнево, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и во ноќните часови ќе се прошират низ целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни количини од 30 до 40 литри на метар квадратен, а на места и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во ноќните и во раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветар, денеска од југоисточен, а утре од југозападен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

Коронавирус