петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Претладне сончево со засилен ветер, попладне дожд

Претладне сончево со засилен ветер, попладне дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку ден со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Минималните температури од – 3 до 2 степена, а максималните од 7 до 16 степени.

Во Скопје сончево со променлива облачност и температура од – 1 до 13 степени.

За наредните три дена УХМР  најавува променливо облачно време со засилен северен ветар. Утре  и задутре ќе има локални слаби врнежи од снег. (МИА)

Локални избори 2021