четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Претежно облачно време, во поголем дел од денот магливо и постудено

Претежно облачно време, во поголем дел од денот магливо и постудено

Времето во земјава ќе биде претежно облачно, по котлините во поголем дел од денот магливо и постудено.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде облачно.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до шест степени.

Од петок следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со умерен, а на места со обилен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец кој ќе услови расчистување на маглата.

Коронавирус