петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 91
home Вести

Претежно облачно време и температура до 11 степени

Претежно облачно време и температура до 11 степени

Времето во Република Македонија денеска ќе биде претежно облачно со магла и ниска облачност по котлините.

Претпладне во јужните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, значително облачно, претпладне со магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во наредите денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Промена на времето се очекува од петок попладне, која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со опаѓање на дневната температура.

Коронавирус