петок, 6. декември 2019. Вести денес: 97
home Вести

„Претепувањето на Јанакиески и Ристовски, како и сликањето на Чавков во затвор и носи голема штета на државата“

„Претепувањето на Јанакиески и Ристовски, како и сликањето на Чавков во затвор и носи голема штета на државата“

Во емисијата „Отворено на Алфа“ политичкиот аналитичар Александар Даштевски нагласи дека тортурата во последно време многу добива на значење.

Настанот со претепување на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски може да и нанесе голема штета на државата односно пред се на власта. Голема штета се нанесува и со сликата од истражниот затвор на која се гледа како се шета во затворот поранешниот министер Митко Чавков.

-Ова е трет пат како се случуваат многу лоши работи и тие излегуваат на површина. И не може сега да се бара поединец, институција или политичка партија која ќе биде виновна. Бидејќи државата е должна добро да ги обезбедува затворите. Ако не е извршена таа должност тогаш државата не функционира како што треба, појасни Даштевски.