понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Пресврт во судењето: Наместо за убиство на Алмир, обвинетиот ќе одговара за сообраќајка

Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година.
Пресврт во судењето: Наместо за убиство на Алмир, обвинетиот ќе одговара за сообраќајка

Kумановецот Бобан Илиќ, наместо за убиство со умисла на четиригодишниот Алмир Алиу, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако ОЈО го прекфалифицираше делото. По денешното рочиште во Основен суд Куманово, Илиќ беше ослободен од притвор.

Обвинителката во завршните зборови го преквалификуваше делото, а како причина посочи дека кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле психијатриското и техничко-сообраќајното вештачење.

– Пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир, што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати при што им бил оштетен автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош, рекла обвинителката.

Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година.

За истиот настан од пред Здравствениот дом во Куманово се води и друг случај, против три други лица (таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу) и поднесено е обвинение за сторено кривично дело насилство.

Коронавирус