четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Пресуда за седум обвинети за обид за убиство на Села

Пресуда за седум обвинети за обид за убиство на Села

Во Кривичниот суд Скопје, денеска треба да биде изречена пресуда за седумтемина обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април 2017 година.

На претходното рочиште, во завршните зборови на одбраната во адвокатите побараа ослободителни пресуди за сите, со образложение дека за ниту еден од нив не постојат докази дека се обиделе да го убијат Села.

Во едно од претходните судења во овој случај на Стојан Павлевски му беше изречени казна затвор од три години, а на Цејо Георгиевски една година и два месеци. Во казната на обвинетите им се пресметува и времето поминато во притвор. Павлевски и Георгиевски треба да ги намират сите трошоци.

Првично во овој случај беа обвинети десетмина, но Обвинителството пред да се започне со завршните зборови го повлече обвинението против Сашо Сенков, за кого обвинителот посочи дека нема доволно докази оти го сторил делото.

За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, обвинети се Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов.

МИА

Коронавирус