среда, 31. мај 2023. Вести денес: 49
home Вести

Преспа не ве ПРОСЛАВИ, Преспа ве ПОПЛАВИ

Преспа не ве ПРОСЛАВИ, Преспа ве ПОПЛАВИ

Се претставувате како спасители, а испаднавте најголеми предавници! Дојдовте, продадовте се што е македонско, а тоа ни го сервиравте како петочно гравче, ама гравчево ви загоре!

Ајде да почнеме од почеток:

Дојдовте на власт со триста малверзации, сплетки и криминал. Трета година сте на власт, а шајка една не заковавте во државава, економијата ви тоне, а велите дека БЛЕСКАМЕ – блескате само вие неколкумина, другите гладуваат, народот ви се иселува од државата и не планира да се врати!

Отидовте во Преспа, мислиш невеста ќе зимате, почнавте дури и да се соблекувате (на вратоврската мислам), бакнувавте пенкала, насмеани од уво до уво небаре Нобелова награда за мир добиле.

Невестата ја продадовме, НЕ ЈА ЗЕМАВМЕ, а за Нобелова награда за мир може да сонувате!

Седнавте на преговарачка маса со нација која ја измисли дипломатијата. Што мислевте дека овој Заев е ЈАК дипломат? Напротив, толку добро ве насанкаа, што идни генерации ќе шетаат со наведнати глави.

Два пати продадовте име, еднаш знаме, ги продадовте општините, па добро бе имајте милост! Се срамите ли што сте Македонци, се срамите ли од македонштината?

И денес дојде денот Д, датумот за почеток на преговори со ЕУ. Епа СТОП другари. Нели странциве ви ветиле датум, ама само името да сме го сменеле, нели блескавме, нели ги поправивте односите со сите земји (никогаш не ни биле ни нарушени, претходно само знаевме да лупнеме на маса), а сега им се улизуваме.

Франција несака ни да чуе да ви даде датум, Холандија демек ќе глуми поблага, па за законот за Обвинителство се фаќа.

Ниту Франција е крива, ниту на Холандија и е до законот, индиректно сакаат да ви кажат, до гуша сте во криминал, највисоките функционери ви се рекетари, блиски соработници криминалци, во Европска Унија ќе влезете чисти или ќе си чекате пред врата.

Европа не сака клептомани, Европа има принципи има култура, во Европа владее правото!

Е сега, ако не добиете датум за преговори, пак ВМРО ќе ви биде криво, немој ни да сте помислиле, нема да ви помине, НАРОД ГЛЕДА. Од петни жили ќе ги одложувате изборите, ама не можете вечно, а после изборите може да планирате долг престој во опозиција, затоа што вака не се гради држава!

 

ПС: Ако не овој петок, следниот НОЕМВРИ ќе добиеме датум за преговори!

 

Ристе Здравков