сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 74
home Вести

ПресингТВ: Тајна средба во Струмица – што преговараа Јанчев, Тодоров, Вице и Зоран Заев?

ПресингТВ: Тајна средба во Струмица – што преговараа Јанчев, Тодоров, Вице и Зоран Заев?

Во сабота вечерта во хотелот „Сириус“ во Струмица се одржала средба меѓу градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и екс министерот Никола Тодоров од една и премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице, од друга страна, објави ПресингТВ.

Јанчев за Пресинг ниту ја потврдил,ниту ја негирал средбата.

-Немам коментар, одговорил кусо Јанчев на прашањето од Пресинг ТВ дали е точно дека се сретнале и за што разговарале.

Тодоров и премиерот Заев, но одговориле на телефонските повици.

Очевидци тврдат дека средбата се одржала во познатиот хотел „Сириус“, некаде во периодот меѓу 20 и 20,30 часот во сабота вечер. За што станувало збор на средбата останува енигма. Повеќе детали прочитајте на ПресинТВ.

Коронавирус