недела, 27. септември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Пресинг TВ: Абдулменаф Беџети е еден од кандидатите Албанци кои ги споменува Заев

Пресинг TВ: Абдулменаф Беџети е еден од кандидатите Албанци кои ги споменува Заев

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети е еден од кандидатите Албанци на СДСМ и ДУИ за претседател на државата, дознава Пресинг Тв од партиски извори.

Беџети бил предложен од страна на СДСМ и од партијата на Али Ахмети начелно немале ништо против.

Во моментов раководствата на СДСМ и на ДУИ спроведуваат интерни анкети дали Беџети би бил прифатлив за гласачите, а посебно ова се однесува на СДСМ за тоа како граѓаните би прифатиле предлог за претседател кој би бил Албанец и дали тоа ќе предизвика револт кај дел од членството, но и кај неопределените гласачи, објави порталот.

Беџети важи за економски аналитичар и голем критичар на претходната власт за економските политики. Тој има 59 години, член е на МАНУ и поранешен претседател на ФК Шкендија.

Премиерот Заев пред неколку дена изјави дека на последната анкета што ја нарачале имало десет имиња со двајца Албанци меѓу нив.

Коронавирус