четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

Препораките на Прибе во заборав, Марин ќе ги “наградува” новинарите, а вицепремиерот Николовски си игра корупција

Препораките на Прибе во заборав, Марин ќе ги “наградува” новинарите, а вицепремиерот Николовски си игра корупција

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин објави конкурс за новинари и медиумски куќи да конкурираат со истражувачки стории на теми поврзани со европски вредности и нивна промоција на локално ниво и ќе им доделува награди со јавни пари.

Некако, како да се заборавија препораките за медиуми и новинарство на Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската Комисија во Македонија. Според неговиот извештај, новинарите во Македонија не работат според етичките стандарди, постои политичко влијание врз нив и коруптивно однесување на некои новинари, како резултат на самоцензура.

Политичкото влијание води кон ситуација во која новинарите дејствуваат првенствено како гласноговорници на политичките центри. Затоа и Здружението на новинари на Република Македонија бурно реагираше на ова и го повика градоначалникот Марин веднаш да го повлече конкурсот. Според нив, ваквата пракса преку која Општината парично наградува новинари може да биде толкувана во јавноста дека преставува поткуп со јавни пари за да се влијае на медиумски содржини поврзани со работата на Општината.

-Мотивирање на новинари и медиуми со јавни средства да известуваат за работата на општините преставува етички конфликт кој може да значи влијание врз уредувачката политика, а тоа може да предизвика штета на медиумската сцена, стои во соопштението.

Според Етичкиот кодекс на ЗНМ, новинарот не смее да го користи медиумот за лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспоиви со новинарската професија. Во кодексот се вели дека многу политички и финансиски моќници сакаат да ги корумпираат новинарите и уредниците на еден суптилен начин преку организирање на работни ручеци или вечери за новинарите, им подаруваат мали подароци организираат патувања или семинари во туристички центри и различни други награди. Тоа е неприфатливо за еден новинар.

На конкурсот на градоначалникот реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, но не и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Тој се уште молчи, а само пред неколку дена се заложи за остра борба против корупцијата и изјави дека ќе им дишел во врат на функционерите.

Но, засега само молк од неговата канцеларија. За ВМРО-ДПМНЕ овој конкурс на Општината е чист поткуп. Оној новинар кој најубаво ќе го испофали Марин ќе добие 90.000, 60.000 и 30.000 денари.

– Златко Марин, градоначалникот на Аеродром нема проекти ама му текнало да подмитува новинари, со конкурс во кој што би го фалеле колку е паметен и убав и како фино би било тој или СДСМ да останат уште четири години на власт. Тоа што нема гимназија, а се удави општината во бетон и смог, тоа нема врска. Важно Златко Марин и Советот на Аеродром воден од неговите кумски врски се досетиле како да ги подмитат новинарите и медиумите најмалку два месеци да пишуваат се најдобро за нив, и за тоа нудат пари- за новинарскиот свет- многу пари, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија