недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 26
home Вести

Препораки поради студениот бран: Бремените и постарите да не одат на работа, избегнувајте физичка активност…

За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.
Препораки поради студениот бран: Бремените и постарите да не одат на работа, избегнувајте физичка активност…

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава, за утре (четврток) ги донесе следните препораки:

-Да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60 годишна возраст.

-За работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.

– Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

-На целото население се препорачува особено внимание да се посвети на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

-Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Коронавирус