среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 137
home Вести

Преполни болници, недостаток на кадар, а Филипче смирува дека се е во ред

Преполни болници, недостаток на кадар, а Филипче смирува дека се е во ред

Македонија продолжува да урива рекорди со новозаразени од КОВИД-19. Стотици новозаболени секој ден, болници полни, кадар нема, реална слика во македонското здравство.

Додека министерот за здравство Венко Филипче смирува и вели дека состојбата е под контрола, здравствениот систем се наоѓа на стаклени нозе. Секојдневната слика ги заплашува граѓаните и со право. Недостатокот на капацитет по болници и кадар не ветува ништо добро во ек на пандемија.

МЕСТО НИ ЗА ЛЕК

Место по болници нема, секој ден бројот на новозаболени екстремно расте. На Инфективната клиника во Скопје веќе се подготвуваат креветите од монтажната болница. Болничките капацитети секојдневно се исполнуваат. Од министерството за здравство известуваат дека се прави реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар.

Лекари и сестри од други клиники ќе доаѓаат да работат во монтажната болница. Министерот за здравство Венко Филипче на својата последна прес конференција соопшти дека нема места за прием на нови пациенти со КОВИД-19 на инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Велес и во Куманово, и дека во Скопје прво ќе се носат на Инфективната клиника и во монтажната болница.

Според него, пациентите по претходен договор од Куманово се препраќаат во Скопје, или во од Прилеп во Битола.

-Првично ќе сместуваме пациенти во Инфективната клиника и монтажната болница, со цел болницата „8-ми Септември“ да може да продолжи со нормална работа и во другите оддели за други болести, рече Филипче на прес конференцијата.

Според информациите на „Инфографик“ најголем проблем со капацитетите има во ЈЗУ Клиничка болница Штип и во Општата Болница Струмица, каде, иако се предвидени 38 кревети за лекување пациенти позитивни на Ковид-19, хоспитализирани се дури 49 пациенти.

Капацитетот за згрижување пациенти со коронавирусот е преполнет и во ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески” Прилеп, каде се предвидени 20 стационирани кревети, а хоспитализирани се 24 пациенти, но и во ЈЗУ Oпшта Болница Куманово каде има 28 кревети, а 30 пациенти.

ДЕФИЦИТ СО КАДАР

Инфективните одделенија по болниците каде што има можност да се прошират капацитетите за прием на новозаразени, се соочуваат со друг поголем проблем, а тоа е недостиг на соодветен средномедицински кадар, со искуство.

-Ќе се одрази со недостаток од простор, со недостаток од сила на медицинскиот кадар. Ние седум месеци се бориме да го сочуваме системот за да може на секој еден да пружиме здравствена нега. Навистина не очекува многу тежок период, не ја искористивме приликата од летото да ги намалиме бројките, напротив драстично ги зголемивме. Никогаш не е доцна да почнеме да се штитиме, никогаш не е доцна да си дојдеме на памет и навистина да бидеме сите соодветно одговорни, изјави д-р Милена Стевановиќ – директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби пред неколку дена.

Ако кривата на новозаболени продолжи да расте, здравствениот систем ќе колабира, предупредуваат лекарите.

Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, уште една причина поради која се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Дел од лекарите сметаат дека нема брзо решениe за наталожените проблеми во македонското здравство, особено во услови на пандемија бидејќи во секоја држава се планира обука на медицински кадар според потребите, а непланското работење сега се забележува во недостигот на инфектолози и лаборанти.

Недостиг на здравствен кадар има во секој град од државата, има ротација на лекари но тоа не е долготрајно решение.

Најнови вести

Коронавирус