понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 17
home Вести

Пренџов: Зоран Заев треба да знае дека Македонија има кичма, јазик и историја и дека македонците не се дрво без корен и паричка за поткусурување

Пренџов: Зоран Заев треба да знае дека Македонија има кичма, јазик и историја и дека македонците не се дрво без корен и паричка за поткусурување

Денес од пред Министерството за надворешни работи пратеникот од Граѓанската Опција за Македонија (ГРОМ) и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов им се обрати на сите граѓани на Македонија од сите етнички заедници и им укажаа дека последните протески кои се организирани во Скопје и низ градовите во внатрешноста се натпартиски и дека на македонскиот народ им е потребна нивната поддршка за одбрана на македонските национални одбележја, кои премиерот Зоран Заев ги распродава на нашиот источен сосед.

Тој истакна дека тие како коалиција за „Обнова на Македонија“ со годи предупредуваат дека преставниците на власта цело време не понижува и си поигрува со македонската државност, за сега да видиме дека тие стварно не знаат кај одат и тајно преговараат за македонсиот идентитет.

-Почитувани мои сограѓани Македонци, Турци, Албанци, Роми, Власи, Срби сакам да ви укажам дека ова е протест во кој не постои партиска боја, ова е протест во кој што целата македонска нација е вклучена, затоа што на понижувањата им нема крај. Со години предупредуваме, со години велиме дека некој цело време не понижува, дека некој си поигрува со македонската државност. Тие велеа не се секирајте, нема што да се гледаме со вас, ние знамеме кај одиме. Еве сега гледаме дека не знаеле кај одат, рече Пренџов.

Тој додаде дека сега гледаме дека преговараат, ќутат, молчат и се кријат, а народот не знае ништо за тоа, додавајќи дека тие ќе бидат тука и секојдневно ќе бараат одговори.

Пренџов појасни дека премиерот Зоран Знаев дека нема поддршка и мнозинство, за ова што го во моментот прави со тајните преговори со Бугарија за распродажба на македонските национални одбележја, ниту во Собранието, ниту во партиските редови на СДСМ, ниту помеѓу минстрите во неговата Влада, затоа се молчи и се крие.

– Ние тука и низ цела Македонија, секој ден ќе се собираме, секој ден ќе бараме одговори, бидејќи во 21 век не е нормално да не знаеме што и се случува на Македонија а да знаеме што се случува во Грузија и во Нагорно Карабах. Мора да ги даде одговорите, мора да знае дека оваа држава има и кичма и јазик и историја и ние не сме дрво без корен и паричка за поткусурување, истакна пратеникот Пренџов.

Зоран Заев треба да знае дека не му се плашиме и дека нема да се повлечеме, рече тој и додаде, дека тој треба да знае дека се додека на протестите има млади луѓе и се додека се веат македонски знамиња, жива и европска ќе биде Македонија, а тој ќе си замине од овде.

– Не му се плашиме, нема да се повлечеме. Знам дека е тешко да се протестира во ова мрачно време на Македонија, но тој терба да знае, се додека овде има млади луѓе, се додека се веат македонски знамиња, жива ќе биде Македонија, европска ќе биде Македонија, а тој ќе си оди а ние ќе останиме, рече Љупчо Пренџов од блокадата пред МНР под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Коронавирус