петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Вести

Пренџов: Злоупотребувајќи го европското знаме власта на Заев ќе го наметнат поскапувањето на горивата

Пренџов: Злоупотребувајќи го европското знаме власта на Заев ќе го наметнат поскапувањето на горивата

Власта на Заев својата неспособност и недомаќинско работење ќе го покрива со кризен данок, кој сакаат да го прикажат како таканаречена еколошка такса. Патем, ваквата мерка за собирање арач од граѓаните сакаат да ја спроведат злоупотребувајќи европско знаме во собраниската процедура, со цел, на мала врата наметнат поскапување на горивата од 4,13 денари по литар, изјави денеска за медиумите, Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Тој прашува што има европско во законот за зголемување на цената на горивата, или т.н. еколошка такса?

– Според предложениот закон никаде не може да се најде дека истиот е усогласен со европските регулативи, за да имаат право да се повикуваат на европското знаме Овој кризен данок кој Заев сака да го прикаже како еколошка такса е најскап во Европа. Така македонските граѓани ќе плаќаат 5,7 евроценти за литар гориво поскапо, исто колку што плаќаат во Велика Британија. Каде е стандардот на македонските граѓани во споредба со тие во Британија и остатокот од Европа? Ова само ќе ги зголеми трошоците и на превозниците и на сите останати сектори и со тоа ќе се отвори инфлаторната спирала која ќе го доуништи македонскиот стандард кој и онака е погоден од целата криза, вели тој.

– Дополнително, најнеспособната, најнеинвентивната и најмрзливата власт во Европа, предводена од Заев, парите кои планира да ги прибира според новиов арач, нема конкретен план каде и како ќе ги потроши за таканаречените зелени проекти. Оттука логично се поставува прашањето дали испумпувањето на пари од економијата и граѓаните ќе се користи за покривање буџетски дупки, или луксузирања, или пак, можеби за предизборен поткуп. Повикуваме на разум од страна на власта и ова собраниско мнозинство. Веднаш да се повлече законот за воведување на кризен данок, или ако сакате, овој закон кој на мала врата сакаат да го протуркаат како наводна еколошка такса. Доколку власта остане глува на предупредувањето на експертите и на јавноста, и го донесе на сила ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија ќе го ревидираат уште на првата Седница при промената на власта во РМ, додаде Пренџов.

Коронавирус