недела, 7. март 2021. Вести денес: 52
home Вести

Пренџов: Жално е што власта ја испушти шансата заедно со опозицијата да направи попис како статистичка операција

Пренџов: Жално е што власта ја испушти шансата заедно со опозицијата да направи попис како статистичка операција

На оваа држава и треба простеритет, само со попис како статистичка операција може да планираме било што во Македонија, изјави Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието на Р.М во емисијата Филибастер на Радио Лидер

-Жално е што власта ја испушти шансата заедно со опозицијата да направи попис како статистичка операција. Незнам како ќе се реализира овој попис, јас ќе се попишам како горд Македонец. Ова го повторувам повеќе пати оти некој дезинформира дека некој ќе го бојкотира пописот. Дали јас лично ќе го признаам пописот ќе видиме каква ќе биде методологијата. Точно е дека оваа државата требаше да има попис оддамна. Операцијата е сериозна, а времето е кратко. Поднесовме амандмани , но се беше отфрлено и одбиено . Не сум среќен што ќе влеземе во ваков попис, но да видиме утре како ќе биде гласањето. Ја нема да го гласам тој попис оти немам доверба во нивните методологии, изјави Пренџов.

Немаме доверба во тоа што го работи Владата. Ние мораме да зборуваме за прогрес. Ќе има сериозна економска политика, ако имаме сериозен попис, изјави Пренџов.

Коронавирус