среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Пренџов: Законот за заштита на населението од заразни болести не беше ставен на дневен ред

Пренџов: Законот за заштита на населението од заразни болести не беше ставен на дневен ред

Љупчо Пренџов, пратеник од Гром и Коалицијата„За обнова на Македонија“ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ зборуваше за измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кое вклучува задолжително носење на маски на отворено.

-За да видиме кое е важноста за носењето на на овој закон сакам да кажам дека пред да дојдам во вашата емисија Дојче Веле имаше направено еден интересен преглед само за месец октомври каде што вели дека во Република Македонија само во месец октовмри имаме 441 еден новозаразен на 100 000 жители и дека имаме 8.76 починати на 100.000 жители. Во ЕУ имаме 30 заразени на 100.000 жители просек, а во Германија кои што со Франција се некој епицентар на новозаразени имаат 50. Значењето на овој закон беше големо, ако вие сте власт во Република Македонија и контролирате голем дел од медиумите и спроведувате една вистина која што е според вас е дека опозицијата кочи во Собранието и кога ќе го ставите на дневен ред законот како последна точка, а не како прва точка тогаш излегуваат на виделина сите оние манипулации према граѓаните во Република Макеоднија. Практично тоа е еден континуит бидејќи ако ги гледаме објективно работите ќе видиме дека уште месец март кога на 30 заболени се прогласи вонредна состојба, карантини и така натаму, од март до сега имаме целосно политизирање на оваа многу сериозна работа, истакна пратеникот Пренџов.

Тој во своето гостување посочи дека тие како опозиција имале многу заблешеки за овој закон и тој не бил стваен на дневен ред.

-Ние како опозиција имаме многу забелешки на овој закон, тој не беше ставен на дневен ред и не може да кочи опозицијата кога опозицијата нема претседател нема Собранието, се знае кој е претседател на Собранието, додаде пратеникот.

Најнови вести

Коронавирус