среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 135
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

Пренџов во Заев: Вистината е дека 4 години сте на власт, а имате направено нула километри автопатишта

Пренџов во Заев: Вистината е дека 4 години сте на власт, а имате направено нула километри автопатишта

Колку метри или километри автопат изградивте? Ова прашање пратеникот Љупчо Пренџов му го постави на премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница.

-Чесно е да кажете нула. Тоа е факт. Вас ве прозиваат 3 години, ама не почнувате автопат. И не случајно ве прашав и не ми одговоривте дали имаме закон донесено за задолжување во ова Собрание, немаме. Зошто немаме господине премиер? Затоа што не сте направиле ниту еден проект да го осмислите, ревизија и да го дадете кај меѓународни партнери со цел да земеме заем и нешто да почнеме, рече Пренџов на денешната седница каде пратениците имаа можност да им оставуваат прашања на претставниците од власта, и додаде:

„Вистината е дека 4 години сте на власт, а нула километри автопатишта и тоа секој го гледа.
Од оваа говорница премиер три пати зборувате готово- почнува, 2018 ќе има камен темелник, па 2019, па 2020, а сега велите во преговори сме да почнеме, значи абер нема и тоа се ваши неисполнети ветувања, кои ги нема во реалноста“.

ЕУРО 2020

Македонија