среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Пренџов во интервју за КУРИР: Додека Бугарија има јасен став за спорот, во Македонија пратениците работите ги дознаваат преку медиумите, а претседателот молчи

Пренџов во интервју за КУРИР: Додека Бугарија има јасен став за спорот, во Македонија пратениците работите ги дознаваат преку медиумите, а претседателот молчи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во интервју за КУРИР вели дека претседателот Пендаровски беше признат од целата опозиција уште на денот на неговиот избор и секогаш имале коректен однос со него, но вчера на неговото годишно обраќање многу поголема срам било државните чинители (премиер, претседател, опозиција, политички партии) да немаат соодветен одговор за оваа бугарска агресија врз Македонија кој што и се случува последнава половина година.

-Ќе ве потсетам за разлика од кај нас во бугарскиот парламент е целосно запознаен со ситуацијата која се случува, додека ние тука воопшто не сме запознаени и добиваме информации од страна на бугарски и македонски медиуми. Претседателот на Бугарија има јасен став во спорот со Македонија и нивната академија на науки и уметности исто така има јасен став. Од друга страна кај нас имаме криење на информации и за жал како пратеници и како јавност ние ги добиваме информациите од страна на Бугарија, а не од страна на македонската власт. Така да во врска со она што е срамота, а што не за мене поголем срам е интервјуто на Заев кој го даде за БГНЕС кое Пендаровски го премолчи и дипломатски не сакаше да го коментира ниту ставот на Заев дека Пендаровски е неискусен политичар, вели Пренџов.

Тој во интервјуто за КУРИР вели дека во буџетот за идната година кој неодамна го донесе власта нема предвидено пари за околу 40 илјади деца кои не можат да следат настава бидејќи немаат компјутери.

-Буџетот е приказна сама за себе, ќе има далекосежни последици по мене, моето семејство, вас, вашите семејства. Ова ќе биде многу скандалозен буџет, во образованието нема ништо. Клучот за новиот буџет е последниот ребаланс кој беше пред месец дена, во последниот ребаланс во приходната страна тие предвидуваа пари како да нема коронавирус и предвидуваа огромен дефицит, а тоа ќе го видиме наскоро, бидејќи до 15, 20 јануари тоа ќе можат да го сокриваат, но потоа не. Ние практично ќе влечеме дефицит од претходниот буџет кој е нереално предвиден, вели Пренџов.

Тој во интервјуто потенцира и за пратеници од власта кои молчат во собранието иако не се согласуваат со самата власт од каде припаѓаат.

Целото интервју за КУРИР можете да го погледнете во продолжение:

Најнови вести

Локални избори 2021