сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Вести

Пренџов: Власта со законското решение за финансирање на единици на локална самоуправа признава дека државата е во многу лоша финансиска состојба

Пренџов: Власта со законското решение за финансирање на единици на локална самоуправа признава дека државата е во многу лоша финансиска состојба

„Мислам дека со трите закони поврзани со локалната самоуправа, власта е таа која што сериозно се припрема за локални избори. Оние кои што се спремаат за локални избори сте вие. А, она кое што преку се гледа е дека практично и не се зголемуваат финансирањата на единиците на локална самоуправа, а она што го правите е тоа што се признава големата дупка во Буџетот за оваа фискална година“, рече Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

-Со ова признавате дека и баш не сме блескале оваа година, со признавате дека Буџетот и не ни бил баш во добра кондиција изминатава година, и со ова признавате дека изјавата на премиерот дадена лани ова време во март/ април дека не знаеме дали ќе имаме пари за плати и за придонеси на вработените во администрацијата била вистинска. А, изјавата дадена во мај/јуни пред парламентарни избори дека Буџетот е во одлична кондиција била лажна изјава, рече Пренџов.

Пренџов додаде дека преку овакви законски решенија се гледа дека обемот на средства во нето бројка и на 4.5% е толку многу голем што е над два милиони евра, па мора власта некако да ги алиментирате општините за да истите не осетат уште поголем проблем во начинот на функционирање.

„Тоа значи дека со ова законско решение од друга страна излегуваат на површина работите за кои што зборуваме тука со недели, со месеци дека државата ни е во многу лоша финансиска состојба“, нагласи Пренџов.

Коронавирус