вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Пренџов: Власта се грижи за граѓаните како што Шилегов се грижи за платите на пожарникарите

Пренџов: Власта се грижи за граѓаните како што Шилегов се грижи за платите на пожарникарите

Вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше Љупчо Пренџов, потпрестедател на ГРОМ, пратеник и претседател на Парламентарната комисија за контрола на тајните служби. При своето гостување посочи дека владата се грижи за граѓаните како што Шилегов се грижи за загадувањето во Скопје и за платите на пожарникарите.

„Народот треба да знае дека пожарникарите моментално земаат 18.900 денари плата, согласно закон кој што вели дека пожарникарот треба да земе 20% повеќе од работникот на исто работно место, на исто ниво од лоаклната самоуправа, и плус 20% повеќе за ризик при работа. Доколку тоа го претвориме во денари се работи за некаде околу 6.500 до 7.000 денари. Луѓето не бараат ништо екстра, луѓето бараат градоначалникот Шилегов да го почитува законот“, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека СДСМ беше таа партија која што велеше дека ќе го почитува Уставот и законот, па нека го направи тоа веќе еднаш барем за доброто на граѓаните. Срамота е да еден пожарникар да не може да зеде 23-24.000 денари плата и тоа поради тоа што Шилегов не го почитува законот за исплата на додатоци на плати.

„Пожарникарот секојдневно го ризикува својот живот. Вие да влезете во зграда, облакодер каде што гори, тоа се опасни работи. Таму има плински уреди, хемикалии“, потсети Пренџов.

Пренџов посочи дека Шилегов го има тој стил, да ветува, а да не исполнува. А заради таа таква лоша политика тешко дека на анредните локални избори СДСМ ќе го добие Град Скопје или пак било која општина во државата.

„Во последниот ребаланс на Владата имаме за 90% намалени средства за чистење на диви депонии на територија на Република Македонија. 21 инструмент од мерните станици не работат, 2/3 од средствата предвидени за набавка на делови и нови инструменти за мерните станици се скратени парите. Покрај тоа што инструментите не работат згора на тоа уште 2/3 од буџетот за поправка, резервни делови се одземени со овој ребаланс на буџетот“, нагласи Пренџов.

Пренџов додаде дека владата на Македонија се грижи за граѓаните како што Шилегов се грижи за загадениот воздух. Само пред избори оваа влада се сеќава на граѓаните и нивните проблеми потоа добива амнезија на тоа што има ветено.

Коронавирус