понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 1
home Вести

Пренџов: Власта сака да изгласа закон за попис без пратениците да ја видат методологијата, затоа што “така било договорено” помеѓу СДСМ и коалиционите партнери

Пренџов: Власта сака да изгласа закон за попис без пратениците да ја видат методологијата, затоа што “така било договорено” помеѓу СДСМ и коалиционите партнери

Ова Собрание е јаболко на раздор меѓу граѓаните. Овакви потпалувачки говори – говори во кои што еден министер доаѓа на гости во храмот на демократијата. Да ве потсетам колеги од СДСМ, дека ова Собрание управува со државата, истакна пратеникот Љупчо Пренџов.

-Ние делегираме надлежности на Владата. Не постои храм на демократијата во светот во кој што избран министер од Собрание ќе дојде и ќе се расправа со пратениците, ќе суди кој што зборува и на кој начин го зборува и ќе навредува затоа што определени дискусии и ставови нему не му се допаѓале. Независно кој е на власт, ова не смее да се случува во Собранието. Вакви министри во нормални демократски држави од ЕУ, следниот ден си даваат оставка, изјави на денешната собраниска седница членот на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Тој посочи дека министерот за правда не кажа зошто треба да се направи попис.

-Ништо не кажа, освен укорување на опозицијата. Не може некој да дојде од Владата, што влегол во политиката пред 3 години и да кажува кој е крив и да пресудува тука. А на кого му суди, на пратениците што ги бирал народот. Вие ќе гласате за закон за попис, при тоа да не знаеме како тој попис ќе се одвива, бидејќи во Собранието не видовме никаква методологија. Ќе била донесена за еден месец. Значи вие ќе го гласате законот без да ја видите методологијата, затоа што “така било договорено”, а ние нема да го гласаме бидејќи немаме доверба, рече Пренџов.

Коронавирус