среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 167
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Пренџов: Владата на СДСМ се задолжува со милијарди, а не реализира ниту еден проект, шампиони се во неспособност

Пренџов: Владата на СДСМ се задолжува со милијарди, а не реализира ниту еден проект, шампиони се во неспособност

Првото основно правило во економијата вели дека државата не смее да си дозволи буџетскиот дефицит да биде поголем од капиталните инвестиции кои што таа ги работи, кај владата на СДСМ петта година е така, вели Љупчо Пренџов пратеник во собранието од ГРОМ, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов посочи дека владата се задолжува со милијарди а притоа не реализира ниту едно ветување, додавајќи дека и во другите соседни земји имало криза, но владата на СДСМ е шампион во неспособност со справување со било која криза.

-Ако продолжи владата со овој начин на работа и управување, ќе треба за година две да ставиме клуч и да го изгаснеме светлото. Колку што сите влади до сега ја задолжи државата од 1992 до 2017 година, толку овие господа од СДСМ ја задолжија за не цели пет години. Притоа прашувам што реализираа, ветуваа нов асфалт Скопје –Тетово, проширување и нов асфалт Тетово-Гостивар, ветуваа експресен пат Гостивар Тетово, ветуваа автопат Прилеп Битола, ни таму ништо нема, ветуваа Битола со грчка граница, ништо нема, ветуваа брана Чебрен, ништо нема, ветуваа железница со Бугарија, ништо нема. Да се задолжете со неколку милијарди евра а притоа ништо да не оставите позади себе, тоа кажува со какви луѓе си имаме работа, истакна тој.

-Јас ќе ве потсетам дека економска, здравствена, енергетска криза имаше и во Србија но таму четири автопатишта се градат, имаше и во Бугарија, Грција, но ние сме шампиони во неспособност во справување на било кој криза. Тоа ви кажува дека земјата на власт и раководење со било која институција подразбира работа од утро до вечер. Се што е спротивно на тоа односно работење по кафеаните во Дебар Маало или покрај кафаните на Вадар ви носи да имате вакви резултати, дециден е Пренџов.

Коронавирус