среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Вести

Пренџов: Вчера имаа 62 пратеника, а денес го снема мнозинството, граѓаните не се задоволни од оваа власт

Пренџов: Вчера имаа 62 пратеника, а денес го снема мнозинството, граѓаните не се задоволни од оваа власт

„Според мене не е суштината во македонското општество дали и колку пратеници има владејачкото мнозинство. Тие вчера имаа 62 пратеника и ги покажаа во рамки на Собранието и вие во емисијата имавте до кога тоа мнозинство ќе трае, тоа мнозинство траеше само до денес. Денес имавме повторно собраниска седница и повторно немаше 62 пратеника. И повторно не се гласаа законите. Тоа според мене е од второстепено значење, според мене вест на денот вчера беше тоа што Република Македонија се задолжи за 700 милиони евра“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Пренџов додаде дека според него работи кои што треба да се дискутираат во рамки во ова општество се проблемите на целни групи, на пример со тутунарите, текстилците, увозници на автомобили, занаетчии, туристички агенции и туристички водичи итн.

„Ние во Република Македонија немаме целна група која што е задоволна од оваа Влада. И ние можеме во Собранието еден ден да имаме 62, па да имаме 50 пратеници, па да чекаат 100 закони недонесени, се поставува прашањето што од тоа имаат граѓаните на оваа држава. Што од нас пратениците добиваат граѓаните на Република Македонија“, запраша Пренџов.

Пренџов посочи дека ако Зоран Заев беше вистински премиер ќе се грижеше за потребите на народот, а не за неговата фотелја.

Најнови вести

Коронавирус