вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 194
home Вести

Пренџов: Стапката на невработеност во Македонија е најголема во регионов

Пренџов: Стапката на невработеност во Македонија е најголема во регионов

Ги зимам само Србија, Албанија и Косово, БДП вика вака: во прв квартал Македонија 1,9% пад, Србија 1,7% раст, Албанија 5,5% раст, Косово 5,6% раст а ние пад – 1,9%. Тоа знаете ли што значи во превод? Инфлација. Прв квартал, Македонија 2,1%, Србија 1,4%, Албанија во трет месец е 1,2%, Косово 1,2% Црна Гора 0% а ние 2,1% инфлација. Индустриско производство – Македонија 6,1% пад, Србија, 3,8% раст, Црна Гора 11,8% раст, Бугарија 6,4% раст и Грција 3,4% раст, посочи на денешната собраниска седница, Љупчо Пренџов.

Тој потоа продолжи да говори и за стапката на невработеноста.

– Македонија 16% невработеност, Србија 9,9%, Албанија 11,9% и Бугарија 6,3% невработеност.

– Просечна нето плата. Како беше она, ветуваме 500 евра просечна плата. Мандатов завршува, 500 евра немаме што да правиме во наредна програма пиши 600, ајде 600 евра плата. Тоа направивте. Арно ама вака вика, Бугарија 596, Црна Гора 526, Косово 560, Србија 540 и ние 457 евра, посочи Пренџов.

Целосниот негов говор може да го проследите во продолжение:

Најнови вести

Локални избори 2021