четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Со СДСМ на власт Македонија трет пат по ред добива најлош извештај од ЕК

Пренџов: Со СДСМ на власт Македонија трет пат по ред добива најлош извештај од ЕК

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, вели дека најлошиот извештај од Европската комисија Република Македонија го добива во време на владата на СДСМ.

Пренџов повикувајќи се на анализите од страна на Парламентарниот институт нагласи дека Македонија, најдобрите извештаи ги добила во 2009, 2010 и 2011 година.

Споредив некои анализи кои што ги правел Парламентарниот институт кој вели дека најдобриот извештај Македонија го добила во 2011 година, вториот најдобар е добиен во 2009 година, а третиот најдобар е добиен во 2010 година. Тогаш се добиени најдобрите извештаи со оценки 2,5, 2,3, 2,5, рече Пренџов и додаде:

Најлошите три извештаи на Европската унија за Република Македонија се во 2016 година, во 2017 и 2018 година се рачунат како еден, и убедливо најлош е 2018 и 2019 година. Значи трите најдобри извештаи биле од 2009 до 2011 година, а трите најлоши извештаи кои што ги добива Македонија се токму сега.

Коронавирус