петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов со поддршка за угостителите и туристичките работници, повика на протест

Пренџов со поддршка за угостителите и туристичките работници, повика на протест

Власта, на угостителите и туристичките работници им ја забрани дејноста, а притоа ништо не ги обесштети. Им го ускрати правото на работа, на дејност, а за возврат добија “ред ветувања, ред закани”.

Оние кои имаат ресторани за свадби имаат 0 (НУЛА) денари приход изминативе повеќе од една година. Вработените им се без плата, кириите и кредитите “течат”, а државната помош ја нема. Повеќе од 30.000 вработени чекаат милост од Владата. Чекаат милост од оние кои тие ги плаќаат за да постојат, и тоа е парадоксот на ова општество.

Наративот на сите владини Министри е дека помагале, а вистината е дека позајмуваат затоа што најголемиот дел од нив ќе треба да ги вратат парите назад во Буџетот (такви се правилата за “владина помош”, напишани со мали букви).

Бадијала на некого му “давате” 14.500ден кога истиот треба да плати 7500ден по вработен за придонеси, треба да плати сметки за струја и вода, треба да плати кирија, сметководител….а притоа истиве “талентитани политичари/економисти” им забрануваат да заработат и 1 денар во текот на месецот.

Затоа пред сѐ како граѓанин, а потоа како пратеник, ќе се вклучам на утрешните протести пред министерството за Финансии на Р Македонија.

Ги охрабрувам сите кои работат или некогаш работеле во овие дејности, да излеземе и да дадеме подршка.

Се гледаме пред Министерство за Финансии!!!

Вторник 20.04.2021 во 12:00h.

Коронавирус