четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 176
home Вести

Пренџов: Република Македонија мора да има еден полицентричен регионален развој

Пренџов: Република Македонија мора да има еден полицентричен регионален развој

Јас сум ЗА носење за закон на рамномерен регионален развој и мислам дека името на Министерството за локална самоуправа треа да се смени во Министерство за рамномерен регионален развој и локална самоуправа, истакна пратеникот Љупчо Пренџов.

-Моите препораки се дека Република Македонија мора да има еден полицентричен регионален развој бидејќи вака гледаме дека не оди. Тоа е модел за намалување на регионалните диспаритети и се базира на теоријата дека е добро да има повеќе економски центри кои ќе ги стимулиураат развој, а не да има само еден како сега што е Скопје, рече тој.

Пренџов и порача на власта да превземе искуство од држави во ЕУ и детално образложи што треба да се направи во оваа насока.

Целиот негов говор од Собранието слушнете го во продолжение:

Коронавирус