среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Предвидениот буџет е тотално нефункционален

Пренџов: Предвидениот буџет е тотално нефункционален

На денешната седница на Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија”, Љупчо Пренџов кој зборуваше за буџетот за 2021 година предложен од парламентарното мнозинство.

Пренџов истакна дека буџетот е нефункционален, односно не е суштински, поради тоа што во буџетот се предвидени ставки кои не само што не се реални, туку немаат допирна точка со потребите и проблемите на граѓаните.

Пренџов исто така посочи дека Владата неколку пати наназад истакнала дека помогнала во земјоделието, лозарството, сточарството, а граѓаните не само што не ги виделе тие пари, туку и не можат да добијат одговор каде се воопшто парите, ако веќе постојат.

“На страна од ветувањата кои не се исполнети во однос на земјоделството, лозарството, сточарството, не се исполнети ниту ветувањата во однос на автопатите, железниците, како и уште еден куп проекти кои постојат само на лист, а никаде во реалноста”, истакна Пренџов.

Собранието не е тука само за да се гласа буџетот, туку истиот да се разгледа, да биде од полза на граѓаните и да биде функционален. Затоа, буџетот треба да има име и презиме, затоа што сите знаеме кој е предлагачот на буџетот, а не пратениците на СДСМ да штитат нешто за кое што ниту имаат информација, ниту пак знаат буџетот дали е функционален.

Единствено нешто кое СДСМ знае да го вклопи во буџетот се партиските вработувања, односно ситуирањето на партиските кадри кои го држат за врат Зоран Заев, заврши Пренџов.

Најнови вести

Коронавирус