недела, 9. мај 2021. Вести денес: 138
home Вести

Пренџов: Опозицијата повеќе се труди и лобира за започнување на меѓувладина конференција, додека власта е пасивна

Пренџов: Опозицијата повеќе се труди и лобира за започнување на меѓувладина конференција, додека власта е пасивна

Член сум во националниот совет за евроинтеграции, за жал тој совет се уште не е профункциониран за тоа што премиерот на Владата на Република Македонија кој што има право да предложи член, тој член го предложи сега скоро пред некој ден и се уште не е ставена точката на дневен ред за гласање. Се комплетира националниот совет за евторинтеграции и тоа покажува кој е односот на онаа Влада која што се колне во ЕУ, појасни Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.

Пренџов додаде дека немање совет за евроинтеграции во време во кое што ви висат евроинтеграциите , и се добиваат по неколку негативни препораки е доста е несериозно од страна на Владата.

„Советот го води колегата Александар Николоски, тој навистина многу се труди, дури и секој ден се гледа со амбасадори, секој ден доаѓа во Собранието некој амбасадор, Николоски оди кај амбасадорите, и тука може да се забележи дека опозицијата е таа која што се бори повеќе да лобира да дојдеме што поблиску до ЕУ и да започнеме една меѓувладина конференција од самата власт“, нагласи Пренџов.

Пренџов посочи дека додека опозицијата се бори, власта е пасивна.

Коронавирус