недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Немаме доверба во начинот на кој ќе се спроведе пописот

Пренџов: Немаме доверба во начинот на кој ќе се спроведе пописот

Најнапред би сакал принципиелно да се разградничиме околу неколку прашања кои се важни, кои што ги дискутираат граѓаните и ние тука во собраниете, дали требаше да има попис во оваа држава во 2012, требаше да има или во 2013, 2014… да требаше да има попис, рече од собраниската говорница пратеникот Љупчо Пренџов.

-Дали покрај носењето на закон за попис, треба да се донесе и методологија за попис, да треба да се донесе методологија. Дали ова собрание таа методологија ќе ја донесе, не нема да ја донесе таа методологија! Дали пратениците од власта и пратениците од опозицијата знаеме кој ќе биде точниот начин на попишување? Не, не знаеме! Едните ќе гласаат „ЗА“, затоа што така е договорено! Другите ќе гласаме против. Зошто? Затоа што немаме доверба во начинот како ќе се спроведе пописот, истакна Пренџов.

Коронавирус