понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: На Заев ни на крај памет не треба да му падне да отвара теми кои не се за отварање

Пренџов: На Заев ни на крај памет не треба да му падне да отвара теми кои не се за отварање

Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, во денешното гостување во емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за посетата на кинескиот министер за одбрана во Република Македонија, како дел од европската турнеја за финиширање на контроверзниот проект „Еден појас еден пат“.

Сегашната власт додека беше на опозиција беше против овој проект поради, како што тврдеа, дека ќе предизвика оттргнување на земјата од стратешката определба на Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

„Јас не можам да му се мешам на премиерот со кого се среќава, но можам да му порачам дека единствената држава која што е во советот за безбедност, а е стратешки партнер на Република Македонија, се САД, единствениот сојуз во којшто воено можеме да си помагаме и да ни држат обуки е НАТО, а единствениот економски културолошки и секаков друг стратешки партнер е ЕУ. Јас му препорачувам на премиерот во јавноста да не отвара теми кои што не се за отварање, сите ние имаме стратешка определба, за тоа имаме консензус и сите било какви, па и вакви разговори и вакви излети самоиницијативно од страна на Владата, мислам дека не му одат во корист ниту на народот ниту на државата. Така што Република Македонија, да се разбереме јасно и гласно е кандидат за ЕУ, членка е на НАТО, Република Македонија има стратешки партнер од ООН, а тоа се САД. Ако Заев и неговата влада се толку многу корупирани и не ги примаат никаде во ЕУ на состаноци бидејќи знаат дека се корумпирани, ако секоја меѓународна релевантна корпорација односно институција им дава резултати дека се најкорумпирани, дека има хибриден режим, најголема смртност, треба ни на крај памет да не му текнува да пушта муабети во јавноста за широки појаси, патишта вакви или такви, истакна тој.

Коронавирус