петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Пренџов: Македонија стана држава во која ако многу ја критикуваш власта ќе добиеш кривична и неколку години зад решетки

Пренџов: Македонија стана држава во која ако многу ја критикуваш власта ќе добиеш кривична и неколку години зад решетки

Република Македонија на повеќе од 2 месеци се наоѓа во многу деликатна состојба, во неповолна состојба. Денес ги избриаме замениците членови на Владата, виталните институции сеуште ги немаат добиено нивните раководители. Талкаме помеѓу политичките апетити и комбинаторики од една страна, и незадоволството на народот од државата од друга страна. Политичките владеачки рити се однесуваат како се да е во најдобар ред во општеството и континуирано ги слушаме фолскурите за правна држава, подобро образование, здравство, економија, изјави во својот говор во Собранието, Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Правната држава власта ја подразбира како алатка за лична пресметка со политичките неистомисленици. Правосудството се користи како алатка за уредување на кадровската политика на опозицијата, Обвинителството е најистурениот политички играч на власта сите овие 3 ипол половина години, обивнителите деновиве даваат политички изјави и им судат на други институации за кои не се надлежни, а онаму каде што се надлежни никаде ги нема. Македонија стана држава во која ако многу ја критикуваш власта ќе добиеш кривична пријава и неколку години зад решетки, ама ако си главен дистрибутер на дрога и опијати ќе уживаш во лагоден живот. Полицијата не знае кој запалил 200 автомобили само во Скопје изминативе три години, ама точно знае кој ставал цвеќиња по Партизанска, истакна тој.

Пренџов тврди дека судовите доделуваат драконски казни за купено возило кој ќе и остане на државата и народот, ама никаде ги нема кога врз основа на потпишани меморандуми на државни органи се рекетираат пари за приватни џебови или за медиуми кои ќе ја величат власта.

-Правдата во Македонија за обичниот човек или за припадникот на опозицијата е слепа, ама кога се работи за владините функционери и тоа како и се одврзани очите. Тоа е една од причините зошто на овие избори излегоа едвај половина од оние граѓани кои што имаат право на глас, заклучи тој.

 

Коронавирус