сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Пренџов: Коалиционите партнери на Заев не се согласуваат со неговата политика, знаат дека „Најдоброто за мојата општина“ е голема лага

Пренџов: Коалиционите партнери на Заев не се согласуваат со неговата политика, знаат дека „Најдоброто за мојата општина“ е голема лага

Како пратеник и колега со сите пратеници од власта и опозицијата, можам да ви кажам дека поводите за ново парламентарно мнозинство не доаѓаат од страна на опозицијата, туку напротив доаѓаат од пратениците кои што партиципираат учество во власта, така што јас тоа што можам да го видам а се разбира никогаш нема да споменам имиња и презимиња, таму има многу политички партии, не една или две, кои што се незадоволни од третманот на Заев и СДСМ кон нивната коалиција, истакна во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24, Љупчо Пренџов пратеник во Собранието на Република Македонија.

Тој посочи дека коалиционите партнери на Заев во самите разговори се гледа дека не се согласуваат со политиката на премиерот, дека се подготвени за промени, знаат дека на Република Македонија и требаат промени, знаат дека „Живот за сите“ беше една голема лага, знаат дека „Најдоброто за мојата општина“ исто така е голама лага.

– Тоа го зборуваат пратениците во Собранието, а народот гласно зборуваше во неделата така што генерално мислам дека работите ќе одат на подобро, пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Коронавирус