Во поглед на законот, јавноста треба да знае дека во Македонија се ставаат европски знаменца на закони во кои што се спојуваат две инкомпатибилни комисии, едната комисија е за одлучување по работни спорови, другата комисија е за одлучување по управни спорови, ова денеска од собраниската говорница го истакна Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Јавноста треба да знае дека Европската унија континуирано се злоупотребува во ова собрание и дека европското знаменце е параван за носење на закони за имиња и презимиња, дека европското знаменце е параван за заробена држава, вели Пренџов.
Тој додава дека ова не е добро што го прави власта предводена од СДСМ.
-Европска вредност е ако имате една комисија која има широки овластувања и од неа да направите една или две комисии кои ќе имаат точни овластувања и точно ќе се знае кој за што одлучува, кој е способен, кој не е, кој има префикси и стручност, а кој нема, потенцира Пренџов.