сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Јасно и гласно кажувам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија и треба поспособна Влада

Пренџов: Јасно и гласно кажувам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ, на Македонија и треба поспособна Влада

Пратеникот на ГРОМ од Собранието во Република Македонија, Љупчо Пренџов во своето гостување во студио 10 на Телевизија 24 од страна на новинарот беше информиран дека некои политички аналитичари говореле дека не се знае со кого ќе продолжи во ново функционирање на Владата и прашан дали се подготвува за Влада и која Влада, тој одговори:

– Не сум ги слушнал тие аналитичари кои што предвидувале за нас дека било каде ќе отидеме освен онаму каде што сме сега. Можам јасно и гласно да кажам дека ние продолжуваме со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи целта за која што сме во коалиција веќе повеќе од 7 години е да Република Македонија биде просперитетна држава, граѓаните да имаат подобра економска благосостојба, да имаме држава со намален криминал и корупција, да бидеме држава која што ќе има еспектиран правен систем и тие се основите со кои што со ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме понатаму. Таму разговори не сум слушнал барем не вака јавно, може сум пропуштил бидејќи ја водевме кампањата од сабајле до вечер во општина Карпош, но еве на сите тие душегрижеци да им покажам дека Владата која што ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ во скор период ние како партија ќе партиципираме активно во неа.

Тој посочи дека не може да знае како ќе се постави Заев и СДСМ во следниот период бидејќи моменталниот премиер не размислува рационално и како што вели тој кога човек е исплашен тогаш рациото му бега од неговите мисли.

– Доколку размислува рационално и за себе и за интересот на својата политичка партија тој треба да распише парламентарни избори час побрзо и така ќе ја намали штетата која што евентуално би била предизвикана со избори во пролет. Така што, јас сум повеќе за идејата да имаме нови парламентарни избори каде што граѓаните ќе имаат јасна недвосмислена поддршка на актуелната опозиција бидејќи на Македонија и следат моменти кои што ќе бидат предизвикувачки. Повеќе нема да се фокусира на тривијални прашања или небитни прашања како што беше последниот период, ние имаме сериозни економски поместувања во Европската унија. Тие никој не ги збори, премиерот не се бави со тоа кој ќе биде градоначалник на некоја општина, бидејќи реално тие луѓе се кандидираат да бидат градоначалници и имаат своја програма. Но кога вие имате драстично поскапување на енергијата во ЕУ, кога имате проблем со извозот и увозот, со платениот девизен дефицит тогаш одговорен премиер се бави со тие работи. Република Македонија ќе се соочи со големи предизвици, и и треба Влада која што е пообразована, поспособна, Влада која што сака да работи, и Влада која што ќе донесе подобро утре за сите граѓани.

Коронавирус