четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 107
home Вести

Пренџов: Изјава како Палмер и Рикер, Заев за својата држава нема дадено

Пренџов: Изјава како Палмер и Рикер, Заев за својата држава нема дадено

Во поглед на САД, мојот став е добро познат во јавноста, а тоа е дека 1944-тата година па се до 1990-та година гарантот за постоење на македонската државност и развој на истата била поранешна Југославија. А од 90-тите години па до ден денешен и така ќе биде претпоставувам и во иднина, единствениот гарантор на за постоење и за развој на Република Македонија е токму САД и тоа треба да ни биде јасно. Токму поради тоа што тие се единствените во моментот кои што даваат многу сериозни изјави од нивни високи претставници, во поглед на билатералниот спор кој што го имаме со Бугарија, сакам да потсетам дека и Палмер, и Рикер имаат став дека Македонија мора да започне преговори, дека мора да се одржи прва меѓувладина конференција, а сите оние историски прашања, прашања за херои треба да останат билатерално и дека не може врз основа на тие прашања некој нас да не блокира, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на коалицијата „За обнова на Македонија“ во вчерашното гостување на радио „Лидер“.

Пренџов додаде дека таква изјава како Палмер и Рикер, Зоран Заев за својата држава нема дадено.

„Заев ниту еднаш нема дадено јасна и гласна изјава во која што ги брани македонските национални интереси. Но во поглед на она реобновување од страна на претседателот на САД, мислам дека повеќе се работи за балканските држави. Едноставно, да корупцијата е она што го уназадува Балканот и мислам дека тука сме сите согласни. Почитувањето меѓусебно на државите треба да продолжи“, појасни Пренџов.

Пренџов посочи дека Македонија треба да биде држава дел од ЕУ.

ЕУРО 2020

Македонија