петок, 16. април 2021. Вести денес: 99
home Вести

Пренџов го нокаутираше Каевски: Да не беше опозицијата еден Буџет не можевте да изгласате, кај ви се тие 62 пратеника

Пренџов го нокаутираше Каевски: Да не беше опозицијата еден Буџет не можевте да изгласате, кај ви се тие 62 пратеника

Каевски кога зборувавте за тоа дека сме чекале, па да влеземе, па сме гледале дека сте имале 62, не можело државата да тргне, сакам само да Ве потсетам и вас и јавноста дека сите закони поврзани со НАТО, испраќање на војници, мисии во НАТО со нас ги донесовте, немавте тогаш 62. Сите закони поврзани со ЕУ и интеграции со нас ги донесовте немавте 62 пратеника. Буџетот на државата излеговме да ви покажеме дека немате луѓе за Буџет, па влеговме и ви го изгласавме Буџетот на државата, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Пренџов додаде дека сите закони во поглед на здравствените реформи, за КОВИД-19 ги изгласале.

-Економските пакети за граѓаните иако велевме дека се малку, ги изгласавме само за доброто на граѓаните.
Да бидеме чесни, и да кажеме дека она што сме сметале дека е во интерес на сите граѓани на Република Македонија, иако сме сметале дека е малку сепак сме го гласале за да не биде ич. Значи воопшто не сме биле деструктивни, потенцира Пренџов.

Коронавирус