понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 88
home Вести

Пренџов: Главниот столб на СДСМ пред да дојде на власт беше воздухот, но по три години заборавија за ова

Пренџов: Главниот столб на СДСМ пред да дојде на власт беше воздухот, но по три години заборавија за ова

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Филибастер“ зборуваше за воздухот и посочи дека еден од главните столбови на оваа влада пред да ја превземе власта беше воздухот, но после три години никој ништо не зборува за ова.

-Вчера имавме ден закон кој беше за квалиетот на амбиенталниот воздух кој го дишеме и на тој закон имаше ставено европско знаменце.Овој закон има три постулати, првиот е дека целокупната грижа за амбиенаталниот воздух е во рамките на градоначаницте на општините. Вториот постулат е дека за амбиенталниот воздух буџетот на државата нема да има фискални импилакции и третиот постулат е кој колку ќе биде казнет ако го загадува воздух. На темата амбиенталниот воздух СДСМ победуваше на локални и парламентарни избори, тоа беше еден од основните столбови на нивното политичко дејствување. Воздухот го направија политичко прашање, не еколошко. На 1 јуни 2017 година кога дојдоа на власт ветуваат дека ќе имаат алпски водзух или барем за половина ќе го прочистеле затоа што имале проекти. Дојде ноември не знаеја што да прават бидејќи две недели победија секаде во Македонија се собраа и си протестираа сами пред себе. Тогашниот заменик министер Јани Макрадули ги водеше протестите, а неговиот министер во министерството тогаш Сабдула Дураки тогаш даде одговор дека не се занимава со граѓаните.Помина три години и за ова никој ништо не зборува, истакна Пренџов.

ЕУРО 2020

Македонија