вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Пренџов: Европска опција во Македонија е опозицијата, а власта е тендерашка опција затоа ние ќе бидеме дел од протестите против лошите политики

Пренџов: Европска опција во Македонија е опозицијата, а власта е тендерашка опција затоа ние ќе бидеме дел од протестите против лошите политики

Во Собранието она што е европска опција тоа е опозицијата, она што претставува тендерашка опција тоа се претставниците од власта. Оттука и капацитетот на министерите е ограничен и тие под реформи подразбираат ограничувања на правата на граѓаните. Со оваа старо – нова Влада може само да продолжи рекетирање, сомнителни тендери или тие кога се на власт не знаат што да прават освен корупција и криминал, рече пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“.
Пренџов укажа дека со вакви министри и Влада и нивните политики во ЕУ не се оди.

-Брисел јасно ни кажа дека ниту ќе има датум, ниту старт на преговори бидејќи Република Македонија е хибриден режим, паѓаме на листата на слобода на медиуми, на листата на Дуинг бизнис. Она што го правеа како борба против корупција се сведе на тоа дека Боки 13 и Катица Јанева се најголемиот проблем во државава, кажа Пренџов.
Оттука додаде тој дека со вакви истрошени кадри не се оди во ЕУ.

Политиките на СДСМ не поминуваат. Од една кај опозицијата има млади и професионалци, а од друга страна има истрошени кадри. Затоа многу е јансо дека ние ќе бидеме дел од масовните протести кои ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе се случат против оваа Влада, рече пратеникот Пренџов.
Според него оваа структура може да ги купи изборите, еднаш два пати, ама повеќе не може.

-За тоа говори опозициското расположение кое е отсликано во резултатот на изборите. Тој говори за опозициско распложение, посочи Пренџов.

Коронавирус