сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

Пренџов до Заев: Не преговарајте за Гоце Делчев, не ја правете истата грешка како со името

Пренџов до Заев: Не преговарајте за Гоце Делчев, не ја правете истата грешка како со името

Она што на крајот сакам да го потенцирам се преговорите со Бугарија, за нашиот идентитет, историја и јазик. Немојте премиере да ја правите истата грешка како со името на државата, немојте да преговарате за тоа што бил Гоце Делчев, Никола Карев, Даме Груев и останатите великани на македонскиот народ од крајот на 19 и 20 век. Овој народ е македонски, зборува македонски јазик и Гоце Делчев му е инспирација за да продолжи да се развива како автентичен народ на Балканскиот полуостов, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во неговиот говор во Собранието.

Остро реагирате на декларациите дека сме Титова творевина, колективната меморија на народот е силна за настаните од пред 100 или 120 години. Нашата колективна меморија е врзан за Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, а бугарската за Христо Ботев и Васил Евски. Ниту имаме намера да им ја менуваме историјата, ниту треба да дозволиме тие нас да ни ја менуваат. Ние немаме проблем ако бил кој на Балканот го чествува името на Гоце Делчев, борецот за независна македонска држава, ама имаме голем проблем ако некој бара од нас ова да го промениме во нашите учебници и колективната меморија, додаде тој.

Затоа повикувам сите партии, парламентарни и вонпарламентарни да се обединеме околу ова прашање и да донесеме национална декларација со јасно изразени црвени линии. Вие пред неколку месеци како претседател на СДСМ, ваквата иницијатива ја одбивте, сега како премиер јавно ве повикувам да се премислите, да ја прифатите и барем по едо прашање да заличиме на сериозна држава, истакна Пренџов.

Коронавирус