вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 145
home Вести

Пренџов до власта: Што да поддржиме, cкaндалите, старо-новиот кадар, што? (ВИДЕО)

Пренџов до власта: Што да поддржиме, cкaндалите, старо-новиот кадар, што? (ВИДЕО)

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието на Р. Македонија и Потпретседател на Граѓанска Опција за Македонија-ГРОМ се обрати пред пратениците на денешната собраниска седница.

Преџов ја критикуваше Владата, потенцирајќи дека не само што не е нова, туку е истата која беше на власт последните три години.

Вие заборавате дека сте три години истата Влада, истото раководство. И во ДУИ и во СДСМ и така натаму. Така да отприлика ова е Влада на континуитет, а не е нова Влада.

Пенџов рече дека оваа „нова“ Влада не заслужува поддршка.

И да речеме дека е нова Влада, на што да дадеме поддршка? На бизнис партнерот на Филипче, вонинституционален, сега станува заменик министер. Проверете ги земјиштата, проверете ги тендерите, проверете ги сумите, проверете ги куќите, и се ќе ви стане јасно. И тоа треба да го поддржиме? Тој кадар, вака мислам, нов е? Не го знаеме кој е?, додава Пренџов.

Тој го спомна последниот cкaндал со реализацијата на ШИК Јелак во Тетово, проект во редност од 200 милиони евра, кој Владата го одобри за рекордно време, без притоа никој да побара отчет за истиот.

Или пак, што да поддржиме, седум дена после потпишување на коалиција, се реализира ШИК Јелак во Тетово. Јавноста виде дека 200 милиони евра е ќарот. Тој ќар ќе оди некаде, до толку повеќе што слушнавме и телефонски разговори. И никој од вас како транспарентни, не побара овдека комисија да истражиме дали нешто има тука или нема.

На што да дадеме поддршка?

Коронавирус