понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов до Јовески за случајот Монструм: Вие не им служите на правото, редот и правдината, туку на политиката и лагите на Заев

Пренџов до Јовески за случајот Монструм: Вие не им служите на правото, редот и правдината, туку на политиката и лагите на Заев

„Поигрувањето со чувствата, болката и емоциите на македонската јавност во врска со Монструм започнуваат во време на циркусот со објавување на разговори стекнати на криминален начин во мај 2015 година. Во тој период тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев изјави дека со објавување на разговори од Монструм ќе се открие една болна вистина. Две години подоцна, во 2017 година, сегашниот премиер Заев изјавува дека има докази за Монструм. За српски Курир во 2017 година вели дека за луѓето кои што се во затвор за ова дело нема никакви докази и постои сомнение дека власта е вмешана во истото. Сегашниот секретар во Владата, Мухамед Зекири во 2019 година изјавува дека случајот Монструм е монтиран и дека се апселе невини луѓе и затоа процесот се вратил назад и луѓето чекале и барале правда“, со овие зборови пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов го започна своето пратеничко прашање упатено до јавниот обвинител Јолевски.

Пренџов се осврна и на малодушноста и поигрувањето на власта со тешката судбина која што ги снајде семејствата на жртвите и порача дека тогашната опозиција на чело со Заев креирало лажна перцепција кај народот со цел доаѓање на власт.

„Шеста година по ред имаме поигрување со трагичната судбина на семејствата на жртвите и поигрување со чувствата и емоциите на јавноста. Се прави лажна перцепција и манипулирање со најдлабоките чувства на народот. Зошто? За власт и моќ !“, заклучи Пренџов.

Пратеникот Пренџов посочи дека заради ова поигрување и манипулирање со овој предмет, народот ја изгубил довербата во сите државни институции кои служат само за политика, а не за правда и правдина.

„Затоа ова прашање не му го поставувам на премиерот Зоран Заев. Премиерите на државите во развој, кои не можат и не знаат како да му обезбедат подобар стандард на народот, прибегнуваат кон вакви манипулативни и нечесни политики. За неговата одговорност, ќе суди народот на избори. И не е трагично ако народот нема доверба во Заев, во СДСМ, во ДУИ, трагично е обвинителе, што тој Заев направил таква перцепција и кај вас во обвинителството. Трагично е што народот ја губи довербата во институциите и тоа што вие не им служите на правото, редот и правдината, туку на политиката“, истакна Љупчо Пренџов.
Оттука, Пренџов упати неколку прашања до јавниот обвинител Јовески во врска со овој правен хаос околу случајот Монструм.

„Прашањето ми е следно, по кој основ Јавното обвинителство на тогашниот ВД јавен обвинител Лилјана Спасовска побара од Врховниот суд да се укине пресудата за Монструм и да се врати на повторно судење? Дали ќе покренете одговорност за Лилјана Спасовска која сега е заменик, а тогаш била ВД Јавен обвинител? На крај, г-дине Јовески, дали чувствувате лична одговорност за оваа правна лакрдија?“, заврши пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.

ЕУРО 2020

Македонија