сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Пренџов: Анкетата на МЦМ не е релевантна, тие и претходно имаа анкети во кои потфрлија

Пренџов: Анкетата на МЦМ не е релевантна, тие и претходно имаа анкети во кои потфрлија

Потпретседателот на ГРОМ, Љупчо Пренџов смета дека анкетата на МЦМС која што излезе е фингирана се со цел мотивирање на разочараното членство на СДСМ кое што изминатиот период е демотивирано бидејќи се соочува со незадоволството од страна на граѓаните при вршење на акцијата од вратат на врата.

Според Пренџов, анкетата на МЦМС е грешна споредувајќи дека МЦМС потфрлиле и со анкета во 2018 година при гласање референдумот во 2018 за промена на уставното име на државата, укажувајќи дека на тогашната анкета МЦМС прикажала дека дури 66 проценти од граѓаните ќе излезат на референдумот, а на референдумот излегле само 37,9 проценти.

-СДСМ води со 2 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите афери и скандали кои што излегоа минатиот период не се период МЦМС има направено анкета која што тврди и тоа јавно го презентира на телевизија е дека граѓаните на референдум ќе излезат 66 проценти од вкупното население. Излегоа 37,9 според нивната анкета. Второ оној кој што на терен ја работи анкетата тоа е М просепкт во јуни месец правеле анкета во која што лиферувале информации во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ води со 2 проценти. Од јуни наваму имаме јули, август, септември и имаме Рекет 1, Рекет 2, една афера, друга афера и се свртела работава дека сега СДСМ води со 2 проценти. И трето она што е факт е дека на одредени портали излегоа со информации дека од раководството на СДСМ се бара некој кој што ќе спроведе анкета во која што тие н крај ќе водат за цел да го мотивираат демотивираното членство кое што оди од врата на врата кое што се соочува со реалните проблеми и незадоволството на граѓаните, вели Пренџов.

Пренџов додаде дека најдобра анкета ќе биде на 12 април каде што граѓаните ќе одлучат за кога ќе гласаат.

Коронавирус